Руски дипломат е обвинет за шпионажа во Бугарија во последните две години. Има 72 часа да ја напушти земјата. Веќе е известена за ова и руската амбасада во главниот град Софија.
Според бугарски извори, рускиот дипломат прибирал информации од исклучителна стратешка важност за земјата, како што е бројот на американски војници кои учествуваат во воени НАТО вежби во Бугарија.
Руската амбасада реагираше дека овој потег е неоснован. Се чека на подетален одговор.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]