Макрон, кој е во изолација во официјалната резиденција на Ла Лантерн во Версај, недалеку од Париз, „сè уште ги има истите симптоми на КОВИД-19 (замор, кашлица, болки во мускулите), но не го спречуваат да ги извршува своите функции“, се вели во изјава потпишана од неговиот лекар Жан-Кристоф Перохон.
Болеста на Макрон беше потврдена во четвртокот. Во петокот, тој вети дека ќе известува за својата состојба секој ден, снимајќи дури триминутно видео што беше објавено на социјалните мрежи.
Открил дека е „уморен, има главоболка и сува кашлица“.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција надмина 60.000 во петокот, според официјалните податоци.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
Нормалниот живот во Франција ќе се врати на есен 2021, Австрија влегува во трет ,,локдаун”