Макрон открива како се чувствува по инфекцијата: „Уморен сум, ме боли глава …“

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е заразен со коронавирус, е во стабилна здравствена состојба во споредба со претходниот ден и неговите клинички и параклинички показатели се добри, објавија официјални лица од неговиот кабинет.

Макрон, кој е во изолација во официјалната резиденција на Ла Лантерн во Версај, недалеку од Париз, „сè уште ги има истите симптоми на КОВИД-19 (замор, кашлица, болки во мускулите), но не го спречуваат да ги извршува своите функции“, се вели во изјава потпишана од неговиот лекар Жан-Кристоф Перохон.

Болеста на Макрон беше потврдена во четвртокот. Во петокот, тој вети дека ќе известува за својата состојба секој ден, снимајќи дури триминутно видео што беше објавено на социјалните мрежи.

Открил дека е „уморен, има главоболка и сува кашлица“.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција надмина 60.000 во петокот, според официјалните податоци.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Нормалниот живот во Франција ќе се врати на есен 2021, Австрија влегува во трет ,,локдаун”

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!