Вмровци, уште од март ви кажував дека ,,Левица” ќе ве чини власт, кој ве лажеше?!

Во онлајн емисија на ,,Инфомакс”, вечерва, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, ги потврди сите мои анализи, кои, како политиколог им ги укажував како партија уште од март годинава – но, веројатно раководството мислело дека не сум вредна за читање. Нема лутење.

Но, времето мене не ме гази, напротив ме потврди и покажа колку сум точна. Од друга страна, ни СДСМ во моментов не смета дека сум вредна за читање, кога им велам дека пепел ќе им биде рејтингот – ова време, следна година.

Мицкоски, вечерва, откако ги разгледал и восприемил анкетите на ,,Телма”, објавени вчера, на Димитар Апасиев му порачал дека ќе му даде 44 пратеника, вмровските, па нека го поништи ,,Преспански договор”. Односно, му ги дава пратениците за да го исполни она кое го ветува ,,Левица” цело време – шири демагогија. Секако тоа е невозможно – да се поништи ,,Преспански”, но Мицкоски конечно сфатил дека треба да ја менува ем реториката, ем тимот кој му ветуваше дека ,,Левица” ќе ,,откине” сдсмовски гласови, а на крај вмровци ги чинеше формирање Влада (добија два пратеника во ИЕ 1 и ИЕ 3 – традиционално вмровска средина ).

Мицкоски употребил и зборови како ,,лажго”, ,,лажни политичари” и ,,циркузанти” во контекст на Апасиев. Тој, меѓу редови, вечерва, му отвори војна на Апасиев.

Меѓудругото, Мицкоски, посочил дека Апасиев бегал од кафе со него во последно време!? Добро, нема да го потсетувам јавно кој од неговиот тим пиеше кафе со тој Апасиев две години, убедувајќи го притоа – дека сè под контрола. Тој си знае кого треба да ,,исчисти” од кабинет и од сектори за безбедност кои му ветуваа сè и сешто. Јас, еве, ништо не знам.

🔴 Повеќе на истата тема: 

АНАЛИЗА: ,,Левица” расте, ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!