Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, место да се фати за работа и да си ја заработи платата, заедно со неговата ќерка – се тажен, малограѓански хит на социјалните мрежи со шпоретот и ,,поздравите и честитките” – песни, кои, граѓаните оттаму имаа можност да ги нарачаат преку неговиот ФБ профил. Самиот тој настанот го крстил – онлајн кабаре!?, пренесе ,,Фокус”.
А ова?
Наградна игра во Општина Лозово
“Ние фамилијарно го добивме шпоретот…” pic.twitter.com/yZntS1kS2d— Mile Lefkov (@LefkovMile) December 27, 2020
Човекот, кој лани имаше и пријава за мобинг од бремена вработена, предновогодишно, организирал цел панаѓур за време на пандемија без публика, но со учесници – наградна игра (добитник беше ќерка му, но ќе го донирала шпоретот!?), поетични читања и мавање од земја додека се глорифицираше градоначалничкиот ,,лик и дело” од малолетници, лоши вицеви од кои се превртува желудник…..и сето тоа три часа одеше во живо на профилот на Велковски.
,,Театарче лево ќоше” не им е рамно на општинарите од Лозово кои очигледно не живеат на земјинава топка – сè им е рамно после три ракии, сè видовме во новата ,,Кафеана Лозово”, само уште чаши не видовме како се кршат на Харис Џиновиќ.
Никако да се приземјат општинариве, а и на крајот на краиштата – не разбравме чии пари трошат за исклучително глупави и непотребни забави, пардон кабареа, со вклучени бендови во живо, кои исполнуваа песни од Цеца и други турбо-фолк мизерии. Едноставно кажано џабе фрлени пари за политички чорби од кои труе на лошо партиско менаџирање со општините. Истите општини кои лани добија 50 милиони евра за покривање на финансиски дупки.
“Драмата” со градоначалникот на Лозово не престанува!
“…вие сте на ФБ профилот на Аце Велковски..” pic.twitter.com/4sWVNLUyLY— Mile Lefkov (@LefkovMile) December 28, 2020
А, за тоа време, додека Велковски наголемо се забавува, за Атиџе Муратова, жител на Лозово, се собираат донации преку социјални мрежи и други активности од хумани граѓани. Со цел, Муратова – да има леб за јадење. Затоа што нема приходи, а ниту пензија. А, и куќата во Дурфулија остана нереновирана, според последните информации во јавност.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]