МИА КОСТОВА (36) е идеален пример на женски модел кој е во постојана транзиција. Веќе 20 години плива во шоу-бизнисот и постојано влегува и излегува од една во друга прикаска и секогаш измислува нова чиста убавина на она кое го работи и живее.
Може да води популарни емисии, а потоа да рекламира романи во продавница за книги, на крај да произведе скандал со провокативна насловница и да биде ,,храна” за малограѓаните, но – секогаш се чини тоа го прави најдобро. Едноставно, таа, сака да е срцето и ритамот на екстремни и скандалозни збиднувања во ,,малата бара полна со крокодили”.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
Природно, поради нејзиниот познат немирен живот, преполн со шокантни изданија кои не се типични за ова поднебје, но секако секој нема храброст да ги изживее, а сака, секое интервју би почнало околу сексуалноста.
Но, Костова, на свои 36 години, веќе има друг израз во огледалото и нејзината насмевка веќе е зрела, идентично како и тагата во очите. Таа има многу што да соопшти и да поентира, тоа често и го прави, а притоа секој би ставил прст на чело. Ништо не крие од јавноста, сето тоа го распостила пред нас, без нималку задршка.
Веќе е професионално профилирана успешна жена, самохрана мајка, едноставно – темите се сменија.
Пред две децении ја водеше емисијата „99 Action“, а по овој проект цели десет години беше дел од тимот на ,,Бекстејџ“. Во меѓувреме се омажи и се разведе. Заврши Туризам и менаџмент – менаџер за односи со јавност, а се сликаше и за ,,Плејбој“.
Потоа стана мајка на Андрија, кој сега има 9 години. Беше на чекор на втор брак, но не стаса дотаму. Костова е самохрана мајка.
Во моментов е ,,инфлуенсер” на социјалните мрежи и соработува со многу компании.

Сум имала многу падови од кои исклучиво се кревам сама, па доколку сама не сум си конкуренција, многу одамна ќе бев во семејната куќа на татко ми, со мало дете, далеку од очите на јавноста.
Јас сум човек кој не се срами од работа. Напротив горда сум на сè што сум работела досега. Од дискотеки до фризерски салони, токму тие контакти и луѓе ме донеле тука, каде што сум денес. Мене луѓето повеќе ме познаваат од таму, отколку од телевизија. А, скандалите ме следат само затоа што правам онака како што чувствувам без нималку грижа што мисли ,,барата со крокодили”.
ЗА СÈ ВО ЖИВОТОТ ИМА РЕШЕНИЕ, АКО ПРАВИШ ОНАКА КАКО ТИ ШТО САКАШ
Терет ли е да бидеш модел на кој многу луѓе, сакаат да се огледаат во одреден момент, а патем – ти веќе си еволуирала и си фатила нов животен правец?
КОСТОВА: До скоро, никогаш не сум помислила дека може некому да сум пример, иако знам дека тоа често се случувало низ годиниве, особено последниве, откако сум со целиот свој живот на ,,Инстаграм”. И не, воопшто не е терет, мене ми е задоволство и големо признание, затоа што крајно – тоа што го пренесувам е дека за сè во животот има решение. Дека сè во животот оди лесно ако правиш онака како што ти сакаш, а не како што налага општеството. И најважно од сè е дека никогаш не смееш да се откажеш дури и кога немаш да си купиш пелени на парче. Тоа е лекција од која учиш, ама не ѝ се предаваш. Така што оние кои ме сметаат за модел, нема ништо лошо да научат од мене.

Јавноста мора да се негува, а ти тоа го правиш со години совршено. Не се напуштате меѓусебно дури и кога си на крај на сили, кога ти се урива светот. Бараш поддршка, ја добиваш.
КОСТОВА: Многу често сум била напаѓана од јавноста заради некои мои лични мислења или потези. Но, никогаш не сум губела сила да имам сопствено мислење. До ден-денеска знам да кажам што мислам, иако знам дека нема да биде весело во следните неколку дена. Наспроти сево ова секогаш сум имала неизмерна поддршка од многу луѓе кои мислат исто како и јас. И тие биле тие кои ме враќале назад – уште посамоуверена.

КОСТОВА: Никогаш не го објавувам мојот инбокс во јавност што е во последно време многу модерно помеѓу инфлуенсерите. А, вистината е дека дневно добивам над 100 пораки во кои луѓето ми кажуваат дека смениле некои работи во животот благодарение на она што го гледаат кај мене на ,,Инстаграм”. Често се советуваат и прашуваат како би постапила во одредени ситуации, дали љубовни, дали како мајки доколку останат сами со дете, како јас… И верувај ми, враќам на секоја порака посветено и со трпение, и воопшто не ми е тешко, напротив…
УЧАМ ЛЕКЦИИ НА СВОЈА КОЖА И СО ГЛАВА НИЗ ЅИД
По многу животни искуства, влегуваш во нешто со срце или со интуиција? Долго си во бизнис каде амбициите се големи, а натпреварите – секојдневие. Ги елиминираш ли послабите од тебе за да останеш ти на пиедесталот, ако е потребно?
КОСТОВА: Искрено, да, учам лекции на своја кожа и со глава низ ѕид. И никогаш не сум се покајала за тоа. Иако и покрај сѐ влегувам со срце, но искуството и интуицијата не ги занемарувам. И вербата во себе. Не сметам дека сум на пиедестал, ниту пак некого елиминирам. Сметам дека елиминацијата оди по заслуга како и она – каде сте вие во одреден дел од животот.
Не си од оние кои ја чуваат приватноста. Како го балансираш јавното со приватното, имаш армија на луѓе под чиј рефлектор си со години, им даваш и парчиња од себе, на јавна сцена испливува и она одвнатре, а не само она кое го работиш?
КОСТОВА: Тоа сум јас. Иако понекогаш ми претставува товар сето тоа. Како буквално јавноста да живее со мене дома, некако како да сум родена со таа потреба да не знам да сокријам кога ми е добро, па ни кога ми е лошо. Се сеќавам дека со години јавноста следеше дека буквално сум скршена – со секој збор што го пишував на Фејсбук, како и тоа дека постојано знаат со кого сум и како се чувствувам. Искрено, тешко балансирам и никогаш не научив да задржам само за себе. Можеби, па и затоа сум им забавна. Имаат ,,ријалити шоу” во многу сезони …

КОСТОВА: Хаха, вистината е дека во компјутер има такво нешто, почнато и така си стои. Како да не знаев од каде да пофатам, од каде да почнам и како сето тоа ќе се движи. А, и како да се навратам кога сум подзаборавила нешто. Тотално се демотивирав и ме навасаа ,,инста” обврските и некако тоа така остана – до моментот додека не почувствувам потреба да се вратам. Никој можеби нема да раскине, ама со сигурност многу работи ќе бидат појасни. Особено кога се во прашање претпоставките за мене кои се филмски, колку и мојата животна приказна.

Регуларна мајка си, која готви, пегла, прави ајвар со марама или сепак оставаш тоа на други? Сè сме виделе од тебе, но не и дека сакаш да бидеш домаќинка која лупи пиперки за и конзервативната јавност да те засака на некој свој начин?
Додека растеше Андрија готвев четири оброци во текот на денот. И, денеска, максимум два пати во неделата, е дозволен ручек кој не е од раката на мама.
Никогаш во живот сум немала жена што ми чувала дете дома, сум немала жена што ми чисти, ниту сум купувала секојдневно ручек од ресторан.
Треба ли човек да се врти назад? Дали би се вратила за нешто назад? Остави ли зад себе нешто кое би сакала да го поправиш, надградиш, за кое се каеш?
КОСТОВА: Никогаш!!! Сум размислувала за сево ова и сум сфатила дека сѐ она зад мене ме направило токму ова што сум денеска. Ниту би вратила време, ниту би сменила нешто. Сметам дека сите наши потези се нешто што сме го сакале и одобрувале во моментот, тоа е она што нè научило нешто и нема зошто да го менуваме, ниту бришеме. Би биле тотално анемични, да не било минатото – сите тешки денови, грешки и лоши одлуки.
МИ ИЗМИСЛУВААТ АФЕРИ ЗА ДРОГА, ПРОСТИТУЦИЈА, ЗА РАЗВОДИ…
Публиката сака забава. Јавните личности се ,,храна” и тоа е дел од шоу бизнисот. Оттаму и измислените прикаски. Која е последната афера која ти ја измислиле, а те насмеала до степен да наздравиш?
КОСТОВА: Леле, колку многу се. Од тоа дека Андрија е ,,ин витро”, до врзување со проституција, преку дрога, до тоа кој ми плаќа стан и зошто, преку приказната дека Тијана потекнува од многу богато семејство, до тоа дека некого сум развела или дека сум била избркана од некое работно место.
Ми е жал што ќе ги разочарам ,,мамичките со немање друга работа” и оние импотенти мажи, но сè од погоре наведеното – не е вистина. Тоа што делувам како со комплетно завршена мисија на светов, како реализирана мајка со едно исклучително воспитано дете, тоа што знам сама, како и колку сум се борела за она што го имам денеска, а што секако не е луксуз, притоа некому му е полесно да го врзе со проституција и измислени приказни – нема да им донесе ниту среќа, ниту подобро утре. Јас, пак ќе бидам јас, а тие утре пак ќе имаат отруена мисла и душа.
Каков совет би дала на Миа Костова во иднината? Да биде поупорна, подобра верзија, да цели повисоко, да сака повеќе, да закочи…?
КОСТОВА: Би кажала дека секој период е период кој треба да го гледам – како приказната токму сега да почнува.
Така е и денес, а и досега – не се откажувам никогаш. Не кочам, затоа што тоа е она што ме држи жива. И конечно – ќе се обидам да го остварам сонот за живот покрај море.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
Не му давајте време на времето
Пред неколку години, Миа, напиша една прекрасна мисла. Рече – не му давајте време на времето. Алудирајќи дека е бесцелно некому да му давате време да биде подобра верзија. Во моментов, вели дека балансира со времето. Понекогаш го троши, другпат не.