Александар Наумоски, градоначалникот на Ѓорче Петров, познат по изјавата – ,,па, нема на магариња да патуваме” (кога објаснуваше зошто во прва година од мандат купи џип БМВ Х5), денеска, се пофалил како конечно ставил метална конструкција за базенот во училиштето ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски”. Му требаа цели 10 месеци откако фрли лопата за камен-темелник да стави фотографија од некои шипки и цемент.

Ви приложувам дел од коментарите на ѓорчепетровци, по повод овој ,,грандиозен и незаборавен” настан во општината, од чија територија половина – отпаѓа на рурален дел и каде луѓе уште немаат некаде ни канализации и квалитетно асфалтирани улици. Имаат реални проблеми, додека на Наумоски приоритет му беше џипот БМВ Х5.

Патем, овој базен-шипка, за кој Наумоски нема објавено димензии, е ветување уште од 2016 година, од Програмата ,,Живот” на СДСМ. Потоа влезе и во Програмата на Наумоски во 2017.
ПРОЧИТАЈТЕ: Имавме Луна-парк со детска смеа, сега пустејлија
И, еве, жителите, во 2021, уште го чекаат како негов врвен капитален проект, мислиш се гради 1192-катница во Дубаи со 1.567 лифта и ново сонце на покривот. Четири години зборување и еве – денеска, конечно видовме шипки.

СДСМ на последните избори, во Ѓорче Петров, изгуби околу 2.000 гласови, во општина каде незадоволството од работењето на Наумоски расте сè повеќе меѓу граѓаните. Тој пред да стане градоначалник, беше во два мандати член на Совет на Град Скопје и омилена тема од говорница, осум години, му беше езеро Треска. Да, навистина што стана со езеро Треска!? Петре Шилегов изгледа заборави што сè вети. Секако, ќе провериме.
🛑 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
Двајца се самоубија, еден спасен – кои се знаците дека некој сака да се убие?
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]