Палестинците со осуда: Израел отвори амбасада во Обединетите Арапски Емирати

Израел објави дека отвори амбасада во Обединетите Арапски Емирати, нешто повеќе од четири месеци по потпишувањето на договорот за нормализирање на врските со таа арапска монархија во Персискиот Залив.

„Израелската амбасада во Абу Даби беше официјално отворена денес со доаѓањето на шефот на канцеларијата Ејтан Наех“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека израелската делегација ќе работи на понатамошно „зајакнување“ на врските меѓу двете земји.

Израел неодамна потпиша договори за нормализирање на врските со четири арапски земји: Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, но и Судан и Мароко, под покровителство на САД за мандатот на Доналд Трамп.

Израелската влада исто така официјално го ратификуваше договорот со Мароко во неделата, кој сè уште не е одобрен од Парламентот.

Палестинците ја осудуваат нормализацијата на врските меѓу Израел и арапските земји
Веднаш по тој бран на нормализација, Емиратите и Израел потпишаа низа трговски договори во областа на прехранбената индустрија, туризмот и високите технологии.

Емиратите, претходно, го одобрија отворањето на својата прва амбасада во Тел Авив, израелска метропола, во која живеат повеќето дипломатски мисии, бидејќи не го признаваат Ерусалим за главен град на Израел.

Палестинците ја осудуваат тековната нормализација на врските меѓу Израел и арапските земји, велејќи дека треба да се најде решение за израелско-палестинскиот конфликт пред овој процес, а не по него.

Пред Емирати, Египет и Јордан беа единствените арапски земји кои имаа дипломатски односи со еврејската држава откако потпишаа мировни договори во 1979 и 1994 година, со што се стави крај на воената состојба со соседот на Израел.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!