На езеро Треска се урива – буквално сè. Оваа ,,акција” за уништување на Треска е со дадено ,,зелено светло” од Влада – кои лани го пренаменија земјиштето од земјоделско во градежно.
Но, дали ова земјиште може туку – така да биде пренаменето во градежно, без измени на Генералниот план на Скопје (ГУП) ❔
Овој одговор го должи скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој во кампања ветуваше ревитализација на езерото, а не негово уништување ,,до балчак”. Тој не е стапнат во Сарај да им објасни на жителите и корисниците на езерото – зошто не го заштити езерото од Блерим Беџети? Шилегов, не мрдна со мал прст ни за дивите платформи на Матка. Тој молчи, се крие, додека пред негови очи се уништува народно добро.
На сајтот на Град Скопје линкот до ,,намени на површини” од ГУП не се отвора. Нејасно е дали е во прашање ете – случајна техничка грешка или едноставно некој сака да не видиме која е намената на Треска и дали владината одлука е законска !?И дали сето ова девастирање на некогашниот бисер на Скопје е легално.

Што се случува во изминативе десет дена? Багери немилосрдно ја уништуваат опремата, зеленилото, сето тоа изградено од самопридонес на сите скопјани кон крајот на 70-те години од минатиот век. Урнати се соблекувални, помошни објекти, чешми, инфраструктура која служеше на рекреативниот центар.
На терен, како што информираа од Канал 5, нивните камери забележале и камиони без регистарски таблички кои го собираат шутот и искорнатата опрема.

Од Општина Сарај, за тоа време, тврдат дека сè се урива легално. Сарај, во чија надлежност е езерото, сака сè да исчисти и да гради некој нов комплекс. Нејасно е што!? Нема детален урбанистички план, но битно се урива без детални информации за јавноста.
Приколките, околу 500, уште не се отстранети. Сопствениците добија рок од 60 дена сами да ги дислоцираат, но се подготвуваат за отпор. Во тек е регистрација на ,,Здружение на граѓани за заштита на ,,Езеро Треска”.
Ќе бараат граѓаните на Скопје, на референдум, да се изјаснат дали езерото може да го продава и распродава – кој, како сака за бизнис интереси.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]