Европската комисија побара од белгискиот регулатор на лекови да изврши увид во фабриката во Белгија која е производител на состојка во вакцината „Астра Зенека“. Истрагата следува откако производителот објави доцнење на испораката, поради пад на производството.
Инспекторите ги запленија документите и сега ги проучуваат.
„Извршен е увид и се проучуваат некои запленети документи и податоци“, изјави портпарол на белгиската агенција за лекови (АФМПС), цитиран од АФП.
Фабриката се наоѓа во Сенефе на југот на Белгија.
„Инспекцијата и проучувањето на собраните елементи треба да гарантираат дека доцнењето во испораката на вакцините е предизвикано од проблеми со производството во фабриката што работи за „ Астра Зенека “, рекле од канцеларијата на белгискиот министер за здравство, Франк Ванденброуке.
„Според постапката во вакви случаи, инспекцијата се спроведува во соработка со други земји со цел да се гарантира транспарентност и објективност“, додаваат од кабинетот на министерот. Во овој контекст, беше спомената работата на холандски, италијански и шпански експерти заедно со белгиските.
Европската унија бара вакцината да се произведува во Велика Британија
,,Астра Зенека” минатата недела објави дека поради пад на производството во една европска фабрика, може да испорача само една четвртина од дозите што првично ги ветиле на Европската унија во првиот квартал.
Брисел, кој претходно нарача до 400 милиони дози на ,,AstraZeneca / Oxford” не веруваше во овие оправдувања и ги сметаше за незадоволителни.
ЕУ сега бара од нив да работат во британски погони, како што е предвидено во договорот потпишан во август минатата година, со цел да се почитуваат наредбите на 27-те земји-членки на ЕУ.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/01/26/%D0%B3%D1%80%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D0%B6%D0%B0%D1%87-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D1%82%D1%80/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]