,,Вие сте ненормален…малоумен…дибек…лижач…полтрон”, беа само дел од квалификациите кои Солза Грчева му ги упати вечерва на Горан Милевски од ЛДП, министер за локална самоуправа.
Милевски, пред да ги добие овие ,,професорски шамари”, во етерот на Канал 5, ја обвини Грчева дека нејзината партија ,,Глас за Македонија” земала пари од икс ,,служби”, се финансирала од непознати извори….Ја обвини и дека била член на ЛДП своевремено, што таа го негираше.
На ова таа му одговори дека ќе добие три тужби за клевета и дека ќе ,,лежи во Идризово”.
Дел од она што требаше да биде дебата:
Милевски: ,,Горан никогаш нема да биде корумпиран”.
Солза Грчева му одговара – ,,Е, ај, немој во трето лице да збориш како Зоран Заев, не си толку важна личност”.
Пак Милевски– ,,Јас сум министер, а ти која си?”
Солза на ова – ,,Ти си лижач. И полтрон”.
Препукувањата меѓу двајцата во емисијата ,,Само вистина” почна кога тој почна да ја оцрнува Грчева дека била наклонета кон Никола Груевски, затоа што своевремено таа се одметна од пратеничката група на СДСМ заедно со две други пратенички, во 2015 година. Односно, трите останаа во собраниски клупи, а цела пратеничка група на СДСМ го напушти Собранието, но продолжија да земаат плата.
Сума сумарум, двајцата си се заслужија вечерва со идентично ниво на ниска комуникација. Јавноста е таа која не заслужува вакви ликови, по ниеден основ. Особено недозволиво е министер, кој го плаќа цел народ, да инсинуира, да се расфрла со алузии, да се служи со ниски навреди и ретко простачки вокабулар – во его на ,,многу важна личност”.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]