Од коронавирус, почина Мирослав Туѓман – синот на првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман

Мирослав Туѓман, пратеник во ХДЗ и син на Фрањо Туѓман, првиот претседател на независна Хрватска, почина вечерва на Загрепската клиника за инфективни болести на 75-годишна возраст, соопштија хрватските медиуми.

Тој бил хоспитализиран на почетокот на месецот поради компликации предизвикани од коронавирусот, по што бил ставен на апарати за дишење. Тогаш медиумите пишуваа дека состојбата му е стабилна.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека со голема тага ја примил веста за заминувањето на ,,драгиот пријател”.

„Со голема тага ја примив веста за заминувањето на проф. д-р Мирослав Туѓман, драг колега, пријател и член на хрватскиот парламент, син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, истакнат политичар и научник посветен на заштита на националните интереси “, напиша тој на Твитер.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Вмровците во војна со Апасиев: Кешот од Вице за ,,Левица” нема да заврши работа!?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!