Вмровците во војна со Апасиев: Кешот од Вице за ,,Левица” нема да заврши работа!?

Добро, ова вмровскиве бивши ,,разузнавачи” знаат кај тераат или ја треба да им кажам дека се дупки? Сега сфатија дека СДСМ и ,,Левица” се во некоја љубов, откако слушнаа од кафеанската снимка меѓу Зоран Заев и Верушевски јуниор дека ,,Левица” е одамна ,,проект” на СДСМ.

Ивана алијас ,,Марга”, вмровка, која заедно со двоецот Синиша – Киро, со години му го креваа рејтингот на Димитар Апасиев преку вмровската мрежа на лажни профили – наеднаш се освестила и напишала чуден пост на Твитер.

Марге, чудна си, мајке. Не личиш на себе. До завчера ,,Левица” ви беа приоритет за ,,бустирање” во етер и за кревање на популарност, а сега наеднаш си паднала во очај.
Зела да го напаѓа Апасиев, да го брани ВМРО, да ,,пука” со ,,калашников”…

Де, раскажи ни што се случило во изминатата недела – се распукавте со Димче, шо е работа? Кој кеш и кој го зел, де раскажи детали на јавноста.
Го облекоа во оделце, ќе го бричат, ќе го шишаат, ќе го праат ,,јапи”, а вас ве откачи ,,црното кошулче” сите по ред? А, вие го ,,пораснавте”.

И сега пак јас да не сум виновна за рејтингот на вмровци или сепак тоа сте вие, кои, ја кревавте ,,Левица” три години место да го популаризирате вашиот лидер и партија?

Колку текстови ви напишав дека ,,Левица” ќе ве чини формирање Влада? Дека ќе ви земе ваши гласови? Ах, брееее. Аматери.

Маргич напишала – ,,Кешот од Вице за Левица нема да заврши, работа, траст ми”⁉️ А, под постот слика од Апасиев.

Следиме.

🔴 НА ИСТАТА ТЕМА: 

Вмровци, уште од март ви кажував дека ,,Левица” ќе ве чини власт, кој ве лажеше?!

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!