Хаос со паркирањето во Градски ѕид, станари му подготвуваат бунт на Шилегов

И по четири години празни ветувања, градската власт уште не реши ништо во однос на паркирањето на станари во дел од Центар, поточно блок на Градски ѕид, спроти Владата.
И не само што ништо не е решено, туку скопскиот градоначалник Петре Шилегов – целосно ги игнорира граѓаните кои писмено се обраќаат до него – со петиција.
Ниту средба, ниту абер на нивните писма во кои инсистираат да се регулира хаосот во овој дел од Центар. Како да не постојат овие луѓе за Шилегов.

Станари од Градски ѕид (цел Блок 1, девет влеза) уште пред еден месец му упатиле петиција на Шилегов да го реши недостатокот од паркинг-простор во блокот на булевар ВМРО.
Тоа го бараат четири години, но сега и со потписи. Никој досега од Град Скопје не се јавил, раскажаа станари.
Се подготвуваат за протест и блокада. Велат, не знаат како поинаку да го решат овој проблем, за кој Шилегов е целосно незаинтересиран.

Пред нивните згради на овој булевар има постојно паркиралиште со 54 места, изградено уште при изградба на Градски ѕид, во 70-те години и тој им служел за потребите на 164 станари, сè до пред некоја година, кога им е одземен за потребите на ,,Градски паркинг” – чии цени се највисоки во овој реон.

Во зона ,,А”, цената за еден час е 50 денари и беше зголемена за 10 отсто токму од Шилегов пред еден месец.

Проблемот е уште подлабок – дел од паркингот е даден на користење на вработени во Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), ограден е со рампа. Државните службеници очигледно за Шилегов имаат поголеми привилегии од станарите.
А, дополнителен проблем е и хаосот кој го создаваат вработени во една осигурителна компанија. Дури и да сака некој да плати – едноставно не може. На овој паркинг, сè е блокирано и секој ден владее невиден башибозук од сопственици на автомобили кои се паркираат каде ќе стасаат – без совест дали некого ќе блокираат.

🔴 ПОВЕЌЕ НА ИСТАТА ТЕМА:

[ФОТО] Шилегов ќе ги ,,дере” скопјани – го покачи паркирањето во време на криза

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!