Дури и од ,,Зевзекманија” (преку анкети) почнаа да му кажуваат на Петре Шилегов дека Драчево нема да гласа за него.
Не им го направил патот Пинтија – Драчево – Батинци. Овој пат е сообраќајница и кон Зелениково, Орешани но и Студеничани.
А, Драчево и околина е цел град – околу 20.000, ако не и повеќе жители.
Во 2017 година, Шилегов, во кампања се шеташе по пазарот во оваа населба, која е дел од Кисела Вода и додека разговараше со жителите – вети сè и сешто. Најважното ветување му беше продолжение на булеварот ,,Борис Трајковски”, трета фаза, но ништо од тоа, човекот ги заборави драчевчани и луѓето од околината.
Првата фаза од булеварот ја реализираше Ристо Пенов, втората Коце Трајановски.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Хаос со паркирањето во Градски ѕид, станари му подготвуваат бунт на Шилегов
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]