Кој е ,,Стево од минатиот живот”? Мистерија, интрига, сè она кое другите сакаат да го кажат гласно некому, особено на политичарите, но, нешто ги стега во грлото.
Тој е вашиот глас, изблик на искреност, спонтан ритам на секојдневието, глас на разумот, романтична урбана вулгарност испомешана со дрскост кон моќниците, како и емпатија и ,,џејностиновска” љубов кон народот – ,,малиот човек”.
,,Стево од минатиот живот” не може никој да го контролира и да му кажува како да живее. Тој има свои правила на игра, свои маани, свои патишта, свој придонес за подобра Македонија, кои никој не ги запишал од властодршците во ќитапот….. Неговиот изблик на емоции ќе ве освои од прва. Зошто!? Затоа што тој не глуми. Тој е вашиот вресок од сиот потиснат револт кој ќе го чујат оние на кои се обраќа. И не само што ќе го слушнат, туку уште долго ќе им одѕвонува во главите.
Ќе се јавува секогаш кога има потреба…
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ:
https://joci.mk/2021/02/14/%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%80/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]