(ГАЛЕРИЈА) Богдановиќ отиде на кибицирање со Вучиќ – Центар остана затрупан и заледен!

Центарските улици, во надлежност на Општина Центар, денеска беа прекриени со снег, заледени и непроодни. Непипнати.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска очигледно имаше друга ,,поважна” работа, одошто агилно, посветено и професионално да се зафати со локални проблеми за кои беше избран од граѓаните. Центарци, кои, го бираа се имено државјани на Македонија, а не на Србија, ако нешто измешал.

На Богдановиќ, му беше поважно цел ден да го посвети на споредни нешта кое не се во негов домен – на една минута да се поздрави со српскиот претседател, Александар Вучиќ на граничен премин ,,Табановце”, иако при примопредавањето на вакцините меѓу Србија и Македонија, нашата држава беше претставена од највисокиот врв, а не од шести ешалони. Останува нејасно што бараше тој денеска на ,,Табановце”, во која улога бил дел од високата делегација, а притоа не е дел од извршната власт.

За тоа време, додека градоначалникот губеше време на ,,патриотско” стискање на раката на Вучиќ и нежно трепкање со очичките, сервисните улици во Центар личеа како да ги бомбардирале нова генерација авиони ,,Б-52″. Сликата во Дебар маало 1 и 2, како и Буњаковец 1 и 2 беше повеќе од тажна – прекриени со снег и мраз беа улиците Никола Тримпаре, Апостол Гусларот, Борка Талевски, Мирослав Крлежа, Ленинова, 29.Ноември…

Возилата останаа заглавени во снег, тротоарите неисчистени, а граѓаните гневни на локалната власт која им наплаќа највисоки давачки за паркинг и даноци.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

https://joci.mk/2020/10/27/%D1%81%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!