Ден по снежните врнежи, Скопје е буквално – поплавено. Ако вчера улиците беа неисчистени и тешко проодни, а граѓаните револтирани од градските и општинските власти, денеска – сообраќајниците се веќе претворени во валкани езера.

Истурената сол по булеварите и улиците, во вечерните часови, реагирала дури денеска, но атмосферската канализација – нема капацитет да ја одведе валканата вода. Прашање е дали и шахтите и одливните места за атмосферска се соодветно исчистени од ,,Водовод и канализација” пред снежните врнежи.
Видеото и фотографиите ни ги испратија наши сограѓани од Центар.
Велат дека едвај се движат. На многу места тротоарите не се исчистени.
– Бев до продавница и се вратив дома утоп – вели жителка на Центар.
Скопје има неколкудецениски проблем со атмосферската канализација, затоа што градот е покриен со неа само 1/3 од територијата, а постојната не секаде е соодветна да прими голема количина на вода во даден момент.

Во најголем дел тоа се улици во надлежност на општини, кои немаат канализација за отпадни води, но во случајов станува збор за градски улици – делови од ,,Партизанска”, булевар ВМРО, улица Даме Груев – кои имаат, но се поплавени. Впрочем, атмосферската е хроничен проблем и при поројни дождови.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ – КАКО БЕШЕ ВО СКОПЈЕ ВЧЕРА:
Во обиколка на Скопје – ни траг, ни глас од градските служби
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]