(Видео) Знамињата на пола копје, небото над Нови Сад го параат песните на Балашевиќ

По веста за смртта на југословенската и балканска гранде музичка ѕвезда, Ѓорѓе Балашевиќ, граѓани на Нови Сад спонтано се собраа на плоштадот ,,Слобода” да му оддадат почит на нивниот сограѓанин –  прерано починатиот ,,панонски морнар”, како што му беше прекарот на музичарот во медиумите и меѓу неговите фанови.

Луѓето сè уште не веруваат дека е вистина, дека почина мајсторот на баладите, на најдобро опишаните љубовни болки во екс ЈУ,  непоправливиот Југословен, со кои пораснаа генерации и генерации. Палат свеќи на плоштадот, оставаат цвеќиња, додека небото над Нови Сад го пара музика од неговите незаборавни песни.

Светлата на Градско собрание се изгаснати, а знамињата се на половина копје. Утрешниот ден е прогласен за ,,Ден на жалост”.

https://twitter.com/bowie021/status/1362840625658347520?s=20

Како што објавија балканските медиуми, Балашевиќ, почина денеска од пневмонија на 67-годишна возраст, како последица од коронавирусот. Беше хоспитализиран пред три дена, но и покрај сите напори на медицинскиот персонал – тој ја изгуби битката со вирусот.

(ФОТО – ВИДЕО: Твитер)

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!