Бунар без дно, така може да се опише состојбата со јавна установа ,,Универзална сала”. Постои како институција, не работи веќе шеста година, има 25 вработени и директор и – генерира трошоци кои се на товар на градски буџет.

Како што може да се види од ,,Извештајот за извршување на Буџет за 2020 година на Град Скопје”, кој во вторник ќе се најде на седница на Совет, ЈУ ,,Универзална сала”, со години го цеди буџетот, а само лани има речиси најголеми трошоци од сите културни установи во главниот град -КИЦ, Музеј на Град Скопје, ДКЦ ,,Карпош”, Дом на култура ,,Кочо Рацин”, библиотека ,,Браќа Миладиновци”. Само МКЦ има поголеми расходи од ,,Универзална сала” за ланска година.
Иако, установата, воопшто не работи за јавни настани, ланскиот градски буџет го чинела – фасцинантни 11.647.114 денари или околу 190.000 евра, пишува во ставката расходи.
Не е наведено за што точно биле потрошени овие средства.
Според досегашните изјави од Град Скопје, вработените се распоредени да работат на градски проекти од областа на културата.
Ланската година, вработените, меѓудругото се жалеа на неисплатени плати.

Судбината на нова или обновена Универзална сала е неизвесна. Никој, ништо не споменува околу тоа, по последните изјави на градоначалникот Петре Шилегов дека ќе ја реконструира. И толку.

Како, кога – не е познато. А, беше негово предизборно ветување во кампања.
Тој пред Универзална држеше предизборен митинг на кој присуствуваа сите челници од СДСМ и ја пееше ,,Скопје, радост ти ќе бидеш”.
Проект за реконструкција на салата има уште од времето на Коце Трајановски.
Скопје, по затворањето на ,,Метрополис” и Универзална – е град без концертна сала.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]