Директорот на ,,Универзална сала” вели дека 190.000 евра потрошиле на ,,корона проекти”, но не кажува суми

По повод текстот ,,Универзална сала лани исцедила 190.000 евра од градски буџет, а шест години е под клуч!?“, се огласи директорот на јавна установа ,,Универзална сала”, Филип Аврамчев. Тој пушти писмен допис, кој го крстил – ,,реакција”. Не негира, ниту демантира ништо од напишаното, само појаснува дека парите ги потрошиле за активности кои биле надвор од објектот, а меѓудругото некои од тие активности ги реализирале заедно со Младински културен центар (МКЦ).

,,Универзална сала” и МКЦ се двете градски културни установи чии лански расходи се најголеми во однос на сите други – заедно за време на пандемија потрошиле околу 500.000 евра.

И по 48 часа, Аврамчев, не одговори на дополнителните две прашања упатени до него, со оглед дека парите се потрошени ланската година кога Скопје со месеци живееше во вонредна состојба и уште живее во еден вид ,,локдаун”:

,,Наведувате заеднички настани со МКЦ (а, МКЦ во градскиот Буџет има своја ставка на расходи).

1. Вие сте две различни установи, како сето тоа е фактурирано, два пати еден ист настан?

2. Наведете ги ставките/средствата за секој настан засебно доколку имате вистинска желба јавноста да ,,не е заблудена”. Секако и со датуми.

,,Универзална сала” и МКЦ се двете градски културни установи чии лански расходи се најголеми во однос на сите други – заедно за време на пандемија потрошиле околу 500.000 евра

▪Во прилог, писмото од директорот на ,,Универзална сала”

,,Имено, иако објектот на ЈУ „Универзална сала“ веќе неколку години не е во функција, салата има свои програмски проекти и активности, кои ги реализира надвор од нефункционалниот објект.

Секоја година ЈУ „Универзална сала“ до Советот на Град Скопје, како надлежно тело за работата на институцијата, поднесува предлог годишна програма, но и отчет за работењето и трошењето на буџетските средства во текот на годината.

Ве информираме дека оваа година реализирани се следните проекти и настани: „Култура во време на корона“ (во соработка со МКЦ, поддржано од Град Скопје), третото издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“, годишната културна манифестација „Бела ноќ“, фестивалот „Алтернативно Скопје“ и второто издание на фестивалот на акустична музика „Skopje Unplugged“. Универзална сала воедно е и главен организатор и реализатор на проектите „Кре Арт“, како и процесот за кандидатура на Скопје за Европска престолнина на културата за 2028.

Транспарентноста на трошењето на буџетските пари и отчетноста пред граѓаните е еден од врвните приоритети во работењето на ЈУ „Универзална сала“, Град Скопје и јавните институции кои се во негова надлежност и таа практика ќе продолжи да се применува и во идното наше делување.”

🔴 ПРВИОТ ДЕЛ ЗА ПОТРОШЕНИТЕ 190.000 ЕВРА ОД РАКОВОДСТВОТО НА ЈУ ,,УНИВЕРЗАЛНА САЛА”:

Универзална сала лани исцедила 190.000 евра од градски буџет, а шест години е под клуч!?

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!