Роденденски: Фросина Ременски готвеше и донираше 320 оброци во народната кујна во Ш.Оризари

Професорката Фросина Ременски, својот роденден го прослави со донација на 320 оброци во народната кујна во општината Шуто Оризари. Со звуци од песните ,,Море Сокол пие” и ,,Чае Шукарие”, разлеани во кујната, во подготовка на грашок со пилешко месо – учествуваше и самата таа, рамо до рамо со другите волонтерки. Беа поделени и парчиња торта и 600 леба.

Таа вели дека ,,хуманоста и солидарноста како цивилизациски вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација”.

– Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед.
Семејствата, што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна, имаат потреба од нашата помош – напиша Ременски.

Вели дека видела како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна е што ја прифатиле нејзината понуда за помош, што е важно за неа, на нив и на заедницата.

– Во општинска ,,Народна кујна Шуто Оризари” со песна готвевме заедно со тетка Перјан, Сафија и Неврија. Подготвивме и спакувавме 320 оброци и по парче торта за мојот 44 роденден. Пред народната кујна нè пречекаа повеќе од 300 жители на Шуто Оризари. Редот пред дистрибуцијата го правеа Марсел и Селдат, а храната ја дистрибуиравме со Анет, Фадиљ, Ружди, Ќамуран и Шенго. За фото беше одговорен Фуат – раскажа професорката.

Сите вработени во Општината Шуто Оризари со голема љубов и посветеност одвојуваат еден час од работното време за дистрибуцијата на храната за своите сограѓани. Акцентираше дека голема е посветеноста на Фатима Османовска, без која многу од работите во кујната нема да бидат така лесни.

Ременски, со овој чин, ги повика сите хумани граѓани, јавни личности и функционери да помогнат за секоја хумана активност што ќе израдува деца и семејства.
– Ако го искорениме гладот, можеме да кажеме дека сме направиле нешто за заедницата и човекољубието – смета таа.

Ова прекрасно искуство ќе го повторува секогаш кога треба и може да се помогне на нашите сограѓани.

И локалната власт од Шуто Оризари се заблагодари на Ременски за хуманиот гест.

🔴 КАКО ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ГИ ОЦЕНИ ИНСТИТУЦИИТЕ:

https://joci.mk/2021/02/23/%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B224-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%84%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B3/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!