По усвојување на урбанистичкиот план за Градска четврт C3 15 од Општина Ѓорче Петров за изградба на 17 висококатници, ѓорчепетровци, обединети во Иницијатива против урбанистичко дивеење – најавија протест во сабота. Ќе го блокираат кружниот тек кај црквата ,,Свети Петар и Павле”.
Претходно го предупредија градоначалникот Александар Наумоски да го повлече планот, но тој тоа не го стори.
– Оваа сабота во 12 часот блокада на кружниот тек. Општината води инает и спротивно на сите норми, закони и договори продолжува со носење на криминални урбанистички планови. Мафијата не смее да биде пред граѓаните. Се гледаме на блокадите – порачаа од иницијативниот одбор против урбанистичкиот хаос.
Како што објаснуваат граѓаните, станува збор за урбанистички план кој се однесува за потегот карши кружниот тек во Порта Влае (позади Убац – до Американ Констракшн) и делот позади – спроти неизградениот трговски центар.
Во соопштението до јавноста наведуваат дека се предвидуваат над 15 згради со вкупна бруто развиена површина од 138.918 м2 или 23.578 м2 градежна површина.
Висина од 31 метар бетонски ѕид. Предвидено е населување на над 1.359 нови жители. Со овој ДУП се легализира и спорната зграда во паркот.
– Се прашуваме кога ли ќе престане ова печатење на урбанистички планови!?
Хром, Дексион – Јурија, сега и овој! – велат револтирано ѓорчепетровци.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
https://joci.mk/2021/01/05/%D0%BF%D0%BE-%D1%82%D1%80%D0%B8-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%93%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D1%88%D0%B8%D0%BF%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%B7/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]