Пишува://🎬 Јорданка Ивановска – Јоци
Еден мој фб френд неодамна искоментира – да не се вмровциве, ќе пукнам од досада.
Во право е. Вмровци отсекогаш биле мајстори за екстремно добра пропаганда, која се граничи со лудило и холивудско шоу од врвна продукција. Точно знаат што прават. Кај нив сè е добро пресметано.
СДСМ таа војничка дисциплина никогаш не ја ископираа, научија, реализираа.
Во тој дух, беше и бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков – тој решил да го урива СДСМ. Сам!
Кој не го сфати тоа, жалам – сепак станува збор за ,,Худини од нашиот сокак”, растен и изграден целосно во духот на шпионажата и тајните служби.
Да, можеби ви звучи иронично. Како тоа наеднаш се смениле нештата!? Нели ,,Мериот-коалиција” е против сегашното ВМРО-ДПМНЕ!? Нели тоа беше целта?
До завчера Мијалков беше решен да го урива Мицкоски, но толку е очебијно дека плановите му се смениле прекуноќ. Интимно е поразен. Како, зошто? Веројатно кај него проработел инстинктот за преживување, по објавата за – максимална казна од 13 години затвор за ,,Таргет-Тврдина”!
Не треба да се заборави дека станува збор за човек кој знае сè, за секого. А, ако не знае – ќе дознае. И дека кај него зборот е збор. А, очекувал многу од оние кои му велеле, нешто во духот на Катица Јанева – не се секирај, сè ќе биде ок. И знаеме што стана потоа.
Некој, нешто му ветувал на екс директорот на УБК, а не исполнил. И така три години.
И потоа, во кадар, на национални медиуми го слушаме премиерот Зоран Заев како вели му ја нападнале фамилијата!? Многу лошо изиграно во немоќта да се сочува мнозинството и Владата, која и без Мијалков е на стаклени нозе.
Тој човек може да побегне и да се врати кога сака. Дури и да го затворат. Има своја ,,специјално изградена мрежа” која функционира беспрекорно – има пристап секаде и кај секого, од домар до премиер.
Мијалков е скандал-мајстор. Ја ,,измеси” и ја измести политичката сцена. Прекуноќ им го зголеми рејтингот на своите вмровци.
Секако, тука се тајните служби на други држави кои се посилни од него и ќе му наложат многу нешта, но тој ќе седи мирен јавно, а ,,подземно” ќе го спроведе она кое го замислил. Ако решил да го урива СДСМ, а јас сум сигурна – да, тоа и ќе го направи!
И му успева замислата. Со она кое го направи, даде до знаење дека ќе глуми дека ќе седи мирен. Неговиот ум е фантастичен кога се работи за менување на било која власт, кога тој ќе посака – почнувајќи од ,,Големото уво”, до инсталирањето на Никола Груевски сè до доаѓањето на Заев.
Убедена сум. Веројатно уште многу ќе гледаме и ќе слушаме од него.
Премиерот Зоран Заев веројатно не е свесен, но неговиот почеток на крајот, идентичен како на Никола Груевски, започна со кадарот кога новинарот го запраша екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, пред зградата на Јавно обвинителство – ,,Добар ден, во Македонија сте?”.
Тоа беше крајно филмска, антологиска сцена, за која уште долго ќе се зборува. Јавноста точно сè знае. И кој со кого и како.
Колку и да звучи смешно, тоа прашање требаше да му се постави на Заев по четири години владеење, илјада ветувања, повеќето неисполнети, избледени, прекршени. И, на крај, јавноста е сведок колку системот е поразително разорен како ,,швајцарско сирење”, многу повеќе од времето на режимот.
Некој виде лисици? Секако, не. Дури и да видите, што мислите – нашиот Худини нема да се ослободи од нив?
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]