Навални е префрлен во казнен логор, на адвокатот не му кажуваат каде

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални е префрлен од московски затвор и моментално не се знае каде се наоѓа, информираше неговиот адвокат Вадим Кобзев во четвртокот.

Кобзев за новинската агенција Интерфакс изјави дека сака да го види Навални, кој беше во притвор во Москва, но му беше кажано дека опозицискиот политичар е пренесен некаде.
„Не ми беше кажано каде е префрлен, веројатно во казнен логор“, рече Кобзев.

Првично, немаше потврда од официјалните власти.

„Фактот што не знаеме каде е сега и што се случува со него, ја потврдува големината на заканата“, објави на Твитер, сојузникот на Навални, Леоник Волков, кој живее во странство.

Адвокатите веруваат дека тој би можел да биде ослободен летото 2023 година.

Навални требаше да биде испратен во казнен логор, откако московскиот суд ја потврди затворската казна во саботата.

Неговите адвокати веруваат дека тој би можел да биде ослободен летото 2023 година, земајќи го предвид времето поминато во притвор и во домашен притвор.

Навални претходно беше осуден за кршење на условната слобода бидејќи се опоравуваше од труење во Германија.

По враќањето во Русија, Навални веднаш беше уапсен и приведен, пред да биде осуден во случај. Таа казна е критикувана како политички мотивирана.

(Фото: Navalny.com)

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

https://joci.mk/2021/02/24/%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!