Руските опозициски активисти денеска ја одбележа шестгодишнината од убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов во центарот на Москва. Шестгодишнината од убиството на Немцов се поклопува со затворската казна за рускиот опозициски политичар Алексеј Навални и сузбивање на неговите сојузници. Чекајќи во долги редици, почит оддадоа илјадници Руси, но и луѓе од други националности, како и дипломати.
https://twitter.com/Amy75342872/status/1365708391822225409?s=20
Приврзаниците на Навални ги повикаа своите подржувачи да оддадат почит со едноминутно молчење и положување цвеќе на мостот во Москва каде што беше убиен Немцов.
Денеска Фондацијата за слобода на Борис Немцов му ја додели на Навални наградата „Борис Немцов“ за храброст.
Сè уште е непознат казнениот логор каде е префрлен Навални
Откако Алексеј Навални беше префрлен од притвор во Москва во казнена установа, управителот на Федералната казнена служба кажа дека рускиот опозиционер таму ќе биде безбеден
,,Гарантирам дека нема опасност за неговото здравје, а сигурно не за неговиот живот“, изјави Александар Калашњиков.
Тој кажа дека Навални, ако сака, во казнениот затвор може да најде и некаква работа.
Здруженијата за човекови права претходно соопштија дека стравуваат за Навални. Како што пишуваат западните агенции, руските казнени логори се озлогласени поради суровоста и мачењето на затворениците, а не се ретки и смртните случаи.
Активистите критикуваа тоа што ни семејството не знае каде е префрлен 44-годишниот опозициски лидер.
Калашњиков само кратко напомена дека со одлуката на судот, Навални, сега е „таму каде што треба да биде“.
Адвокатите на Навални веруваат дека би можел да биде пуштен во 2023 година со сметање на времето минато во притвор и во домашен притвор.
Станува збор за досега најдолгата затворска казна изречена на Алексеј Навални кој веќе дваесет години му се спротивставува на рускиот претседател, Владимир Путин. Неговите казни претходно се броеја во денови или недели.
Навални е осуден поради прекршување на условната казна, односно поради престојот во Германија каде се лекуваше од наводното труење со нервен агенс.
Навални во 2014 година беше осуден на условна казна поради финансиска проневера во руската филијала на француската групација ,,Ив Роше”.
По враќањето од Германија во Русија на 17 јануари, Навални, веднаш беше уапсен и задржан во притвор, а потоа осуден по итна постапка.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]