Министерот за внатрешни работи на Албанија, вчера, информираше дека е во посета на Либан во обид да врати повеќе Албанци кои се приклучиле на исламските екстремистички групи во Сирија и Ирак.
Бледар Цучи, во Бејрут во последните два дена, се состанал со генерал-мајор Абас Ибрахим, шеф на Дирекцијата за безбедност на Либан, кого албанскиот премиер Еди Рама го опиша како „инструментален“ по претходниот успешен обид.
Министерот не рече дали ќе може да врати некој Албанец, само додаде дека неговата посета е „значаен показател за инсистирањето на албанската влада да ги врати албанските граѓани од Сирија“.
Минатиот октомври беа вратени четири деца и една жена – поврзани со албански државјани убиени во борбите со исламските екстремистички групи во Сирија. Жената имала сериозни здравствени проблеми.
„Ќе работиме со иста посветеност и решителност за успешно финализирање и на оваа операција, како што направивме првиот пат“, рече Цучи.
Властите не го наведоа бројот на Албанците кои сè уште се наоѓаат во логорите во Сирија, само велат дека биле идентификувани.
Нивните роднини во Албанија велат дека 52 деца сè уште се во Сирија.
Во октомври тогашниот министер за внатрешни работи Сандер Лешај рече дека биле интервјуирани 20 албански жени и деца и се очекува да бидат вратени назад, додавајќи дека властите во логорот не сакаат да ослободат возрасни лица кои можеле да бидат вклучени во криминални активности.
Неколку стотици Албанци се приклучија на Исламската држава и другите групи кои се бореа во Сирија и Ирак пред десет години. Многумина беа убиени, а нивните вдовици и деца се заглавени во сириските логори.
Пред две години италијанската влада, Црвениот крст и Црвената полумесечина вратија 11-годишното момче Албанец, кое неговата мајка го однесе во Сирија, кога таа реши да се приклучи на групата ,,Исламска држава”. Момчето било заробено таму по смртта на неговата мајка.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]