По падот на владата: Монголија доби 450.000 дози и ќе вакцинира 20 отсто од популацијата

Премиерот на Монголија, Ојун-Ердене Лувсанамсраи, пред неколку дена ја прими првата доза на вакцината ,,АстраЗенека” против КОВИД-19 во Монголија. Со овој кадар пред камерите, Монголија, официјално ја лансираше програмата за вакцинација.
Земјата, која има популација од 3,3 милиони жители, неделава, прими донација од 300.000 дози од вакцината ,,Синофарм” од Кина. Претходно, преку ,,Ковакс-програмата” и Светската здравствена организација (СЗО) им стасаа 150.000 вакцини ,,Астразенека” од Индија.

Бившиот премиер поднесе оставка поради неефикасност во борбата со вирусот

Сегашниот премиер Лувсанамсраи, кој се смета за еден од најмладите лидери во земјата, дојде на функција по оставката на неговиот претходник, кој беше принуден на тоа по низа протести.
Во јануари, поранешниот премиер Хурелсух Укнаа поднесе оставка од својата позиција, поддржана од 95,2 проценти гласови во Парламентот. Оставката ја даде по протестите кои се случија поради инцидентот со една мајка, позитивна на КОВИД-19, која заедно со нејзиното новородено бебе, беа пренесени од Државната породилна болница во Националниот центар за заразни болести на суров и неорганизиран начин.
Протестите прераснаа во барања, луѓето од Националната агенција за управување со вонредни состојби, а и премиерот и кабинетот да си дадат оставки, поради неисполнување на очекувањата на јавноста за ефикасност – што и се случи.

Новоизбраниот премиер стапи на функција со наменски план за надминување на болеста и заживување на економијата.

,,Една врата, еден тест”

Првата негова цел беше „навремено да се надмине пандемијата“ и тој вети дека ќе координира програма за вакцинација во рок од 100 дена. Новата влада стапи на функција за време на втор полициски час, од 11 до 22 февруари.
Најави истовремено кампања „Една врата еден тест“ што се одржи во главниот град Улан Батор. Во рок од 12 дена, по еден член на секое од 442.303 домаќинства на Улан Батор беше тестиран – или во нивните домови или во блиската станица за тестирање.

На тој начин беа идентификувани 126 нови случаи на КОВИД-19, откривајќи 33 нови кластери. Кампањата опфати 7.279 лекари и болнички работници и 5.849 службени работници.

Планот на Владата е да вакцинираат околу 20 проценти од населението, и тоа: 50.047 работници во приватниот и јавниот здравствен сектор; 52.750 луѓе кои работат во први редови против оваа болест; и 58.345 Монголци над 50 години.
До крајот на 2021 година, владата има за цел да вакцинира 60 проценти од населението кое е над 16 години. Монголија ќе користи четири типа вакцини: AstraZeneca, Pfizer, Sinopharm, Sputnik V.

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

https://joci.mk/2021/01/30/%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%B1%D1%83%D1%81/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!