Многу проекти, празни зборови, расфрлање со сликички пред камери, а речиси никаква реализација на терен и во реалноста, го карактеризира мандатот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Мандатот му е на самиот крај, а тој може да се пофали единствено со клупи, корпи, садење трева и крпење дупки. И понекое засадено цвеќе.

Нема ниеден ,,капиталец” од сите силни ветувања кои ги презентираше во кампања со цел растеретување на сообраќајот и намалување на метежот, во кој се гушат жителите. Камоли нешто, со кое го намали загадувањето.

Нема нов автобуски систем (Bus rapid transit), нема Луна парк, тунел под Кале, мост кон Бардовци, мост од Карпош 4 кон Волково, денивелирана крстосница кај ,,Мавровка” на две нивоа, Скопје остана и без концертна сала…. Остана и без езеро Треска, за кое ветуваше ревитализација.


Шилегов верува дека може да ги ,,купи” скопјани со шупливи ветувања, нешто кое гласачкото тело одамна го ,,свари” и го надмина. Едноставно – гласачите не веруваат во нешта кои не ги гледаат со око.


Неговиот мандат се сведе на ,,ЌЕ”, токму она за кое ги критикуваше претходниците.
Шилегов обожува да се слика и да презентира проекти. И толку.
И вчера се сликаше, презентирајќи проект за реконструкција на Универзална сала.
Тажно.
А, досега имаше време ем да ја обнови, ем да се слика пред вистински објект, а не пред фотографија. И, имено – да ,,продава” виртуелна реалност.
Но, затоа многу се реални 230.000 евра кои ги потроши за украсување на Скопје за Нова Година, без прослава. И покачените цени за паркирање во време на пандемија. И повисоките сметки за вода.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]