Повеќе од 1.000 граѓани – државјани на Република Македонија, поради ситуацијата со ковид – пандемијата, не се во можност да извадат нови пасоши. Оставени на милост од страна на македонската влада, која до ден-денес не покажува ни малку интерес за решавање на овој сериозен проблем.
Раскажуваат дека оние без работа не може да се лекуваат, нивните деца исто, не може да земат дипломи, да продолжат визи, се соочуваат со вистински животни проблеми. Обвинуваат за сериозно кршење на човекови права.
-После неколку без успешни обиди да се најде решение за овој проблем, и никаков одговор од страна на македонските институции, решивме да покренеме петиција со надеж дека ќе допре до македонските власти – велат наши државјани кои живеат во странство.
Петицијата, која е на иницијатива на нашинци од Нов Зеланд има за цел да се најде и обезбеди брзо решение, со кое би се решил овој проблем во најбрз можен рок.
Поради неможноста да се извади нов пасош, многу Македонци се наоѓаат во неизвесна ситуација и немаат можност за продолжување на нивните ( работни, студент) визи, а со самото тоа и неможност да го продолжат својот живот како што планирале.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]