Парискиот Кривичен суд денеска ги прогласи за виновни за корупција и трговија со влијанија – Никола Саркози, како и адвокатот Тиери Херцог и поранешниот судија Жилбет Азиберт, во таканаречената афера – „Прислушување на Пол Бизмут”. Поранешниот претседател е осуден на три години затвор, од кои две условно за корупција. Саркози и Херцог беа снимени на лента од полицијата како договараат унапредување на судијата во Монако, во замена за информации кои тој ќе им ги даде. Телефонскиот број бил регистриран на туѓо име.
Во декември 2020 година, Националното финансиско обвинителство (ПНФ) побара многу тешки казни: четири години затвор, од кои две години условно против поранешниот судија Жилберт Азиберт; четири години затвор, од кои две условно, со пет години професионална забрана за работа против адвокатот Тиери Херцог; четири години затвор, од кои две условни казни против Никола Саркози. Тројцата беа одговорни за корупција и тргување со влијание.
Ова е историска одлука на судот, поминаа повеќе од девет години откако Жак Ширак беше осуден на две години затвор во случајот на измислените работни места во градот Париз. Оваа одлука ќе биде клучна и за Никола Саркози, кому му претстои второ судење на 17 март, во аферата „Бигмалион”, во врска со трошоците за неговата претседателска кампања во 2012 година. Тој се повлече од политиката од 2016 година, но сепак е многу популарен кај десницата, една година пред следните претседателски избори, Никола Саркози пред читањето на пресудата побара да биде „измиен од оваа навреда “.
Оваа одлука ќе стане конечна доколку не биде обжалена. Потоа, Саркози, може да стане првиот француски претседател по Втората Светска војна, кој, ќе издржува домашен затвор.
Сопругата на Саркози, Карла Бруни, денеска преку ,,Инстаграм” се огласи со порака – ,,битката продолжува додека не исплива вистина”.
Минатиот месец, медиумите го обвинија Саркози дека ја плаќал неговата втора жена, 3.000 евра месечно во 2002 година, додека работела како асистент во Парламентот, без да ја оправда платата. Бруни му е трета жена.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
IN MEMORIAM, Милан Бандиќ: Јадеше кобасици со сласт – ,,ма, дајте, зошто ви се вилушки”
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]