Гошев за Љубчо: Корумпиран е премиерот и слободно нека тужи!

РЕТРО: Во 2002 година, Петар Гошев од ЛДП, од собраниска говорница го обвини тогашниот премиер Љубчо Георгиевски дека е корумпиран.
Силно викна таа 2002, една година по крвавиот конфликт: ,, „Корумпиран е премиерот Љубчо Георгиевски и тој слободно нека ме тужи“.
Георгиевски не го тужеше.

Во интервју за А1 телевизија, Гошев, во април 2002, појасни на што мислел кога тоа го кажал.

На прашањето – ,,Од кога знаете дека премиерот е корумпиран?”, Гошев одговори:

– Премиерот е корумпиран од почетокот на доаѓањето на власта. Од почетокот оваа влада е најкорумпирана. Човек кој и мисли добро на Република Македонија никогаш не би склучил договор како оној при продажбата на ОКТА. Тој договор е вистински израз на оштетување на интересите на Македонија – рече тој.

Меѓудругото информираше дека не добил тужба од Георгиевски.

– Знам сигурно дека нема да ме тужи бидејќи и самиот знае дека е многу корумпиран – самоуверено потенцираше.

Од друга страна, ни Гошев не потегна постапка против тогашниот премиер, затоа што сметаше дека за тоа се задолжени  институциите државниот обвинител, полиција…

– За неколку месеци тој заминува и со него ќе замине онаа кукла државен обвинител и оној министер Бошковски кој селективно пушта кривични пријави без основа. Ќе дојде погодно време кога ќе дојдат институции кои регуларно ќе го гонат криминалот во Република Македонија – изјави тогаш Гошев.

Наведе неколку докази за корумпираноста на Георгиевски: ОКТА, ранчовите, до случајот на градење на вила на Водно.

(ФОТО: НБРМ)

🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:

https://joci.mk/2021/03/02/%D1%99%D1%83%D0%B1%D1%87%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%88-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!