Запленети се околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини во Јужна Африка, а разбиена е мрежа на шверцери на вакцини во Кина, соопштија надлежните од Интерпол, предупредувајќи дека ова е само „врвот на ледениот брег“.
„Јужноафриканските власти запленија стотици дози на фалсификувани вакцини Ковид-19 по извештајот на Интерпол со предупредување дека вакцините се омилена цел на криминалните мрежи“, додаде меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион.
Тројца кинески државјани и еден Замбиец беа уапсени во акцијата во Гермистон, провинцијата Гаутенг во Ј.Африка, каде беа откриени и „голем број фалсификувани маски“. Интерпол, исто откри мрежа за продажба на лажна вакцина против Ковид-19 и провали во производствен капацитет, приведувајќи 80 осомничени и заплени над 3.000 дози лажна вакцина.
„Иако сме задоволни од овој исход, ова е само врвот на ледениот брег што се однесува до криминалот поврзан со вакцините Ковид-19“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.
Овие апсења ја потврдуваат важноста на Интерпол во здружувањето на клучните актери од јавниот и приватниот сектор за заштита на јавната безбедност, додал Сток.
Интерпол повторно предупредува дека неовластените вакцини се продаваат на Интернет: „Вакцините што се рекламираат на веб-страниците или на„ темните мрежи” не се легитимни или тестирани и можат да бидат погубни“.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]