Поминаа пет дена од сообраќајната несреќа во Дебар маало, во која учествуваше синот на Андреј Жерновски, кој има 19 години, но во билтенот на МВР – нема трага за овој настан.

Иако првичните информации беа дека на местото немало друго возило, сепак од фотографиите може да се види дека учесници се две возила – ,,мерцедес” и ,,масерати”.
На сервисните улици во Дебар маало е ,,Зона 30″, односно не смее да се вози повеќе од 30 километри на час, пешаци има на сите страни, но на фотографиите – возилата се парампарче. Имало искршени делови од возилата на сите страни.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, изјави дека во извадокот од билтенот објавуваат настани само доколку станува збор за несреќа со ,,тешки телесни повреди и смрт”.
Даде детали и за настанот.
– На 28.03 околу 22 часот пријавено е дека на крстосница од улица Аминта трети и Ристо Шишков се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило мерцедес, управувано од Н.Ж. (2002) и возило масерати, управувано од М.М. (1952). Со повреди се здобиле возачите и В.В. (2003) сопатник во возилото мерцедес. Укажана им е помош во ОБ ,,Свети Наум Охридски”. Инаку пуштени се на домашно лекување откако им укажале помош – појасни портпаролот Ангеловски.


И покрај неговото тврдење дека не објавуваат вакви сообраќајни несреќи, во кои возачи и сопатник завршиле и во болница, а има очигледна материјална штета, билтенот на МВР вели нешто друго – дека во други случаи не изостанувало објавување на други синови и ќерки, кои немаат родители – политичари.
Андреј Жерновски, екс градоначалник на Центар, веќе три години е член на Централниот одбор на владеачката партија. Во моментов нема функција во извршната власт, а во минатата влада беше заменик министер за надворешни работи.
Околу оваа несреќа тој изјави дека син му брзал дома поради полицискиот час.
Во прилог, детали за сличен ваков настан, излезен во Билтен на МВР.
🔴 НА ИСТАТА ТЕМА:
Синот на Жерновски со ,,мерцедес” се забил во кафеана близу Влада
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]