Група Русинки беше уапсена во Дубаи и обвинета за нарушување на јавниот ред и мир затоа што беа фотографирани голи – на отворено. Видеото, кое се појави на социјалните мрежи во саботата, прикажува група голи жени кои се фотографираат на балкон. Снимени се од соседниот балкон, а се претпоставува и дека организаторот на ,,фото-сесијата” е Русин.
На уапсените Русинки им се заканува затвор. Рускиот конзулат додал дека обвинувањата се сериозни. За нарушување на јавниот ред и мир, воедно дела на разврат, можно е да резултираат со парична казна до шест месеци затвор и парична казна од 5.000 дирхами (околу 1.400 долари).
Шеријатски закон
Многу закони во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се засноваат на ,,шеријатскиот закон”, а луѓето биле затворани во минатото поради јавно прикажување на свои сексуални афинитети или јавни хомосексуални односи. Полицијата во Дубаи предупреди дека секој што ќе објави порнографски материјал или каков било материјал што „може да му наштети на јавниот морал“ се соочува со затвор и парична казна. Секоја личност што живее во ОАЕ или ја посетува ОАЕ е предмет на нејзините закони и не постојат исклучоци за туристите.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]