Големо истражување на содржини на порно-страници во светот, откри ,,шокантни резултати”, според еден од авторите на овој проект.
Неодамна објавени се резултатите од постаро истражување во 2017 и 2018 година, на содржини на порнографски страници, кое укажува на шокантни текстуални описи на објавената содржина – како сексуално насилство, мазохизам, садо-мазохизам, принуда…Едно од осум видеа, првпат постирани на порно – сајтовите, се поврзани со насилство и агресија, покажа истражувањето.
Сексуалните преференции на луѓето се различни и многумина паѓаат на различни работи и на друг вид на дејствување. Некои фантазии не можат да се реализираат во реалниот живот, но барем може да се ужива на порнографски страници кои нудат различни видови содржина. Иако правилата за користење на такви страници забрануваат содржина како што се прикажување злоупотреба, силување, инцест, детска порнографија, сепак истражување објавено во „Британскиот весник за криминологија“ покажа спротивни резултати, според коавторот на студијата Клер МекГлин.
Иако резултатите беа објавени овој месец, станува збор за постара анкета која траеше шест месеци, во текот на која се земаа почетните екрани на најпопуларните порно-страници во Велика Британија – PornHub, XVideos и XHamster, и тоа секој ден и секој час. Биле опфатени околу 131.000 видеа.
Истражувањето не ја проучувало содржината на самите видеа, туку нивните текстуални описи за видеата прикажани на почетните страници. Во овие текстуални описи, беа следени клучни описи за да им се помогне на истражувачите да откријат колку зборови и фрази се користат, а се карактеризираат како сексуално насилство, без да се земат предвид описите на сексуалната содржина.
Истражувањето потенцира дека видеата на овие страници се потполно бесплатни и се достапни за секого, и притоа не се бара потврда колку години имаат посетителите, односно дали се возрасни.
Шестмесечно истражување покажа – наслови во повеќе од 8.000 видеа поврзани со сексуална агресија и присилна сексуална активност, скоро 3.000 наслови поврзани со сексуална експлоатација (со употреба на клучни зборови како скриени камери и надградба) и повеќе од 5.700 наслови поврзани со инцест. Околу 7 отсто од видеата биле со клучни зборови – тинејџери.
Додека коавторот на студијата Фиона Вера-Греј верува дека ваквите видеа ги нарушуваат границите помеѓу сексуалното задоволство и сексуалното насилство, Шарлот Роуз, која помина две децении во сексуалната индустрија, не се согласува со неа и нагласува дека на ваквите видеа се појавуваат актери и актерки кои едноставно глумат крајно убедливо.
Порнхаб, кој пред неколку месеци отстрани милиони видеа од својата страница и беше кооперативен околу истражувањето, тврди дека сите возрасни имаат право на свои сексуални преференции – се додека се легални и во нив нема присила. Тие нагласуваат дека некои врски во сексот кои изгледаат деградирачки и понижувачки, не можат да бидат поврзани со незаконска и насилна содржина или секс без согласност.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]