Опозицијата алармира: ЈСП е во колапс, фалат возачи, а Шилегов ќе вработува 175 бирократи

Градоначалникот Петре Шилегов, наместо возачи кои се повеќе од потребни во ЈСП, решил да вработува нови 175 лица во администрација – на работни места каде нема потреба, реагираа на денешната седница на Совет на Скопје од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Претпријатието, поради пандемијата, меѓудругото се соочува со огромни финансиски дупки кои се покриваат од градскиот Буџет во вид на субвенции. Станува збор за бројки во милиони евра кои се цедат од градски Буџет.

Опозицијата обвини за нови партиски вработувања, пред локални избори, кои се закажани за годинава.

-Бесмислено е во ЈСП во време на пандемија да се вработуваат луѓе во администрација, кога претпријатието се соочува со недостиг на возачи- беше дел од дискусијата.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Мишева, запраша дали и колку ќе опстане ЈСП со ваква политика на Шилегов – да вработува повеќе лица, одошто се пензионирале. Во моментов 41 лице е пред пензија, што значи дека 134 ќе бидат нововработени.

– Мислам дека ова јавно претпријатие најмногу настрада од сите јавни претпријатија со КОВИД кризата. Претрпува навистина многу финансиски загуби речиси година дена. Навистина треба да се размисли дали понатаму се потребни нови вработувања – нагласи Мишева.

И советничката Светлана Колариќ во дискусијата директно впери прст во Шилегов дека своите партиски војници ги наградува со вработувања во ЈСП, во претпријатие кое е на раб на егзистенција и опстојува со субвенции.

– Се соочуваме со измена на планот за вработувања во ЈСП. Станува збор за огромен број на вработувања на административни работници. И ако се прочепка по пријатели, свиркачи, доушници, сите тие велат дека станува збор за партиски вработувања – нагласи Колариќ.

Јелена Жугиќ рече дека со новите вработувања, свесно се оди кон распад на ЈСП.
– Не знам колку е потребно во овој момент, во услови на пандемија, да се вработуваат соработници за секундарна продажба, за примена за закон на јазик, инженери за инвестиции, раководители на сектори, сметководство, работник за обезбедување на имоти и лица, работник за изгубено/ најдено, за правни работи, човечки ресурси, референти по статистика, раководители на одделенија за општи работи, итн – реагираше советничката Жугиќ, додавајќи дека токму поради невработувањето на поголем број на возачи, граѓаните се соочуваат со метежи по автобусите и се изложени на опасност од зараза и потенцијални кластери.

Шилегов фотографиран – на депонија (ФОТО: ФБ профил на Град Скопје)

Колариќ додаде дека ниту едно јавно претпријатие нема да издржи толку вработувања.

Во дискусијата се надоврза и Ирена Попова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која запраша која е логиката на овој План за вработување на Шилегов во време на пандемија да вдомува административци, кога возачите не можат одмор да земат, бидејќи се премалку.

Претпријатието пред избори ќе се полни со директори, советници, помлади и постари соработници

Освен што се планирани 175 нови вработувања во ЈСП, за 95 лица се предвидени унапредувања кои чинат дополнителни финансии, образложуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Најголемиот дел на планирани вработувања се за администрација за директорот.
Сумите се во илјади денари изразени во плати – до крај на годината. И тоа:

Нов оперативен директор – 245.000 денари
Советник на директорот за примена на законот за јазици – 332.000 денари
Двајца соработници за секундарна продажба – 310.000 денари
Инженер за инвестиции -175.000 денари
7 хигиеничари – 900.000 денари
Раководител на сектор финансии – 245.000 денари
Сметководител -185.000 денари

Останатите работни функции на списокот од 175 нови вработувања се: ▪Работник за обезбедување на имот и лица▪ Работник за изгубено најдено▪ Помлад соработник за правни работи▪Соработник за човечки ресурси▪ Референт по статистика▪ Раководител на одделение за општи работи▪Виш соработник за информатика….

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!