Шилегов на пожарникарите не им купи одела и зимски чевли, но ги користи за сликање!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, денеска, на својот ФБ профил објави фото-галерија од вакцинацијата на вработените во Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) со коментар – ,,Нашата грижа за скопските пожарникари 💪”.
И додал како пожарникарите немале ниту еден слободен ден за време на пандемијата.

Она што ,,заборавил” да го соопшти на јавноста при денешниот срамен предизборен маркетинг со пожарникарите, со акцент на ,,грижа”, е дека на овие луѓе, иако со ланскиот Буџет беа предвидени 10 милиони денари – не им купи: ▪100 заштитни одела за шумски пожари, ▪260 зимски чевли, а не ги реновираше ниту деловните објекти на БППЗ. 

Сето ова е евидентирано во Извештајот за извршување на Буџет за 2020 година, усвоен на седница на Град Скопје во февруари годинава.
Тоа е таа грижа на Шилегов за пожарникарите. НУЛА денари за одела, обувки и подобри услови за работа (види фото). Фактите се неумоливи, а есапот на бесрамието стасува на избори.

И додека пожарникарите останаа заборавени на маргините, служат за фото-сесии на Шилегов кога нему ќе му е ќеф, а буџетската реалност е грда, уште немаме  одговор од СДСМ – на што точно Шилегов потроши 240.000 евра за Нова Година – без прослава?

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО – ВО ЈСП СЕ ТРУПААТ АДМИНИСТРАТИВЦИ ПРЕД ИЗБОРИ:

https://joci.mk/2021/04/08/%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D1%98%D1%81%D0%BF-%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%BF%D1%81-%D1%84/

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!