Принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во замокот Виндзор на 99-годишна возраст, беше поврзан со православието како вујко на принцезата Маргарита од Баден, сопруга на Томислав Караѓорѓевиќ. Кралскиот пар беше фасциниран и од југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, кон кого исто така имаа симпатии и други државници од тоа време.
Нивната прва средба се одржа во Лондон во март 1953 година. По тој повод, Тито пристигна на устието на Темза со својот брод за обука „Галеб“, каде го пречека принцот Филип, адмирал на англиската морнарица и премиерот на Велика Британија Винстон Черчил. Потоа, принцот го запозна со Кралската почесна морнаричка гарда и се случи настан што британската јавност не знаеше во тоа време како да го карактеризира.
Во моментот кога војводата, Тито, Черчил беа опколени со други службеници и собрани граѓани и веќе влегоа во автомобилот и се упатија кон палатата, некој од толпата фрли димна бомба. Британските медиуми не го препознаа овој инцидент како закана, но го нарекоа „шега, но многу невкусна”.
Во 1978 година, Јосип Броз повторно накратко ја посети Велика Британија, каде кралското семејство го пречека во Бакингемската палата.
Кралска двојка во посета на маршалот
Историската посета се случи во октомври 1972 година, кога кралицата Елизабета Втора, принцот Филип и принцезата Ана останаа во Југославија, со цел двете земји да го зајакнат своето пријателство, а државниците да разговараат за политички теми. По тој повод, претседателот Тито и неговата сопруга Јованка беа домаќини на кралското семејство во Белград и се погрижија двојката да добие спектакуларен пречек.
Заедно со претседателот, тие ја посетија Авала и споменикот на Непознатиот херој, по што беше организиран прекрасен настан во нивна чест. За време на посетата, принцот Филип беше одликуван со ,,Орден на југословенската голема ѕвезда”, највисокото одликување востановено од Тито, а градска плакета беше подарена на кралицата Елизабета. Сепак, таа се најде на удар на медиумите, бидејќи ова беше нејзина прва посета на комунистичка земја во Источна Европа.
Ова беше прв и последен пат, принцот Филип да го посети Маршалот, но не и неговата последна посета на Југославија. Следниот пат кога тој дојде, беше осум години подоцна, кога џаедно со уште 208 државници се збогуваше со Јосип Броз на 4 мај.
Кралската двојка го сметаше Тито за важна личност, достојна за почит, за што сведочи и една нејзина изјава, која се прераскажува: „Ако овој човек е бравар, јас не сум кралица на Велика Британија.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/04/10/%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D1%86%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B3/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]