Паркот Македонија – уништен: Коце го изгради, Петре го пеплоса

Во населба Козле, вториот дел од паркот ,,Македонија” е буквално – уништен.
Тревата е исушена, нема сезонски цвеќиња, се гледа гола земја – како да станува збор за пустејлија. Земјата е исушена, како никој да не го вклучува системот за вода. Каде се работниците од ,,Паркови и зеленило” кои со години се грижеа за овој зелен локалитет?

Очебијно е нередовното оддржување на зеленилото во овој парк кој со години беше беспрекорен и беше вистинска оаза за релаксација – сè до доаѓањето на Петре Шилегов во градоначалничка фотелја.
Во моментов ова место е тажно за гледање, поради неспособноста на Шилегов да го оддржува како претходните локални власти.

Уништено е и детското игралиште, веднаш до паркот. Реквизитите се искршени, неупотребливи, а со тоа опасни за секое дете. Како никој од локалните власти тука да не поминал со години.

Дали Шилегов поминал да види на што личи овој парк во општина Карпош или спие на тоа уво дека карпошани ќе му подарат гласови, по автоматизам – без да мрдне со мал прст? СДСМ во континуитет, без престан, од 2017-та година губи гласови во Скопје, во најголем дел поради локалните челници кои не знаат да работат и да решаваат локални проблеми – не продолжија онаму каде застанаа нивните претходници. Но, СДСМ, ништо не направи околу тоа – ги оставија да доуништат сè.

Изгледот на паркот, пред неколку години, кога беше пуштен во употреба

Паркот ,,Македонија”, кој се протега долж булевар Теодосиј Гологанов во Козле, има три дела и ги уреди и изгради Коце Трајановски.

(Фото: Јорданка Ивановска; Град Скопје)

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:

Шилегов на пожарникарите не им купи одела и зимски чевли, но ги користи за сликање!

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!