Преку нашиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абдулкабар Мемеди и македонската дипломатија, обезбедени се 2.000 кинески вакцини, кои, пристигнуваат денеска. Успешната дипломатска мисија ја потврди и министерот за здравство, Венко Филипче.
– Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини како донација. Истите ќе пристигнат во Софија. Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на софискиот аеродром и денеска ги очекуваме да пристигнат тука – информираше Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова не е прва донација од пријателските Обединети Арапски Емирати и прва дипломатска пандемиска помош за Македонија од нашите амбасадори. Лани, шеикот на Абу Даби, испрати 10 тони медицинска помош за нашиот медицински персонал, во вредност од 1,5 милиони евра. И тоа, благодарение на македонската дипломатија.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]