Во емисијата ,,Утрински брифинг” каде на новинарот Сашо Орданоски му гостуваше професорката Фросина Ременски, околу аферата со злоупотреба на пасошите, таа смета дека ,,овој криминал е поголем од прислушувањето”.
Според неа, криминалот е подготвуван од поодамна.
Ременски укажа дека неповрзаноста на институциите во една база каде би се чувале биометриските податоци говори за – намера.
Прашање е на колкумина луѓе им биле злоупотребени биометриските податоци и кој сè имал пристап до нив.
– Потребно е Министерството за внатрешни работи и за Правда да формираат работни групи и да го истражат целиот случај. Лесно се открива кој влегол со лозинки во системот – беше децидна таа.
Началничката на Јанкуловска која штанцаше лични карти – уште е началничка во МВР!
Вработена во МВР, на висока позиција, која во време на Никола Груевски и Гордана Јанкуловска, имала удел во фалсификување на личните карти, случај за кој СЈО го отвори предметот ,,Титаник” – е сè уште началничка во МВР, обелодени професорката Фросина Ременски.
– Имавме хаварија со лични карти. Ја слушавме во ,,бомбите”, учествуваше во штанцање, а таа денеска уште е началничка. Зборуваме за многу сериозна работа – посочи таа.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Ќе градат облакодери во ,,црвената зона” на демолирање – на земјотресната линија!
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]