Еве што пишува екс новинарката на МРТВ, Ана Пановска, мајката на архитектот Мартин Пановски, кој ги збуца оние три облакодери среде Центар, кај ,,Холидеј ин”, а градов нема воздух. А, луѓе се болни.

И док женава сите, со децении, ја мислевме дама, она зема и се распосла со малограѓански постови и коментари, со кои го брани синчето, и тоа на сите страни.
И бидејќи, таа. очито никого не признава за дебата освен некој со пет колена наназад од Скопје, еве јас да се обратам – како потомок на новомаалци – од двете страни. А, само по женска линија наназад пет колена.
Значи, Пановска.
ℹ Можам слободно да констатирам дека градов го уништија токму оние кои в гради се удираа дека се стааари скопјани, а беа на позиции – архитекти, новинари кои бранат неодбранливо, градоначалници, главни градски архитекти…
ℹ Инвеститорите се на крајот од прикаската. Оние кои креираат урбанистички планови (градоначалниците) се првата алка – нарачателите. Втората алка се архитектите.
Аман, па ти би требало да знаеш кој го пишуваше серијалот ,,Урбана мафија” во 2002 – јас и Маја, другарка ми. И сè ни е јасно во 2021 – ем за син ти, ем за Саша Богдановиќ, СДСМ и МПЦ и сиот тој силеен кеш околу оваа грда инвестиција.
🔴 Сети се на Аларова, родена во Маџир маало, радио-водителка, стаара скоопјанка, имено, која донесе куп урбанистички планови со кои Скопје, особено Водно, беше уништено. Погледни го Водно на што личи, леба ти!
🔴 Сети се на Мирослав Грчев – во негово време беше уништено Дебар маало. Донесе план кој многу пати беше одбиен од тогашно Министерство за урбанизам, а за тоа време ,,дивоградбите” никнуваа на секој чекор. Вмровци некои урнаа, а потоа дојдоа СДСМ и ги легализираа, ама ти тоа веќе го знаеш, нали?
🔴 Сети се на Љупчо Георгивски, главен архитект и екс директор на Катастар. дебармаалец, чија зграда на семеен плац во Дебар маало беше спорна во 90-те! Прашај кога се изгради и дали имаше план тогаш.
Да не редам, има уште…
Оттука почна сè.
И сега, во 2021, сме кај облакодериве на син ти, а и твоиве статуси – луѓе да се врателе во село!?
Нели ќе беше почесно да напишеш еден статус – ,,дечки, гладни сме за кеш, тоа е, Скопје нека оди во мајчината”.
Бар ќе те сфатевме. Вака со романтични накај еротски прикаски за ,,стари скопјани” додека градов тоне во ѓубре, криминали и малограѓанштина – т’нка работа!
Се разбираме, нели? Ако не, да извадам посилен речник и факти, па да видиме кој е ,,пекинезер” што џафка (џафкањето е цитат на син ти), а кој гризе како ротвајлер!
(ЈИЈ)
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]