На паркиралиштето, каде се предвидени три висококатници, пред земјотресот во 1963 година се наоѓала зградата на Правниот факултет.
Локацијата влегува во првата зона на демолирање – тоа е строгиот центар. Тука поминала линијата на земјотресот и оштетувањата биле најголеми. А, и жртвите.
Речиси секаде каде имало демолирање – земјата била отворена со денови и недели. Потоа, сама се затворила.

Дел од зградата на факултетот била разурната, оштетена, а потоа урната од тогашните власти.

Овој дел од старо Скопје бил познат како Ново маало. Едниот дел од маалото бил кај денешно ,,Веро Џамбо” и Олимпискиот базен, другиот преку булеварот Кочо Рацин.
Линијата на земјотресот се движела од Олимпискиот базен (Ново маало), делот кај денешниот паркинг спроти ,,Холидеј ин”, биле разурнати објекти на кејот, плоштадот, по улицата Маршал Тито (денешна Македонија), по улицата Орце Николов (од плоштадот до денешниот Соборен храм). Имало и исклучок – биле демолирани и две згради во Карпош, каде имало многу жртви.
Биле уништени објекти и од другата страна на Камениот мост, во центарот, – Еврејско маало, Пајко маало.
Во трите висококатници од 15, 20 и 25 ката предвидени се 400 станови.
Сугарески го продаде државното земјиште и овозможи изградба на зградите
Фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква, преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар го одобри идејниот проект за објектите.

Парцелата, во само 1/3 приватен имот, беше дооформена со државен имот, кој на инвеститорите го продаде екс министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во 2018 година.
Државното земјиште е отуѓено по цена од 19.200 денари за метар квадратен (околу 310 евра за м2).
Вкупната површина на градежната парцела изнесува 13.653 метри квадратни. Од неа, на приватна сопственост отпаѓаа 4.605 метри квадратни, а сопственоста на државата изнесуваше – 9.048 метри квадратни.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]