Боже, боже, какви луѓе работат во владава. Какви будалаштини мора уште да трпиме од оној Љупчо-Дубаи, кој, среде пандемија и траор во земјава поради безброј смртни случаи, отиде со жена му да се ,,лади” кај шеиците и во морено, со објаснување – имал право на одмор.
Имаш, маци, не велиме не. Но, и ние имаме право да те тркаламе низ удолница. Ти си во извршна власт и не можеш да повикуваш луѓе да донираат за болни деца!
Не ти е срам? За што си ти биран на избори – да леташ змаеви или да обезбедиш опрема во здравствени установи!?
За што уплатуваат луѓе здравствено во Фонд цел живот – за утре да донираат, за себе и своите деца?
Да се вратиме на главното.
Што е ново од човеков кој пред месец дена си го шеташе газето во Дубаи?
Имаме вицепремиер (претпоставувам со жена му, која била и на фризер), кои донирале два аспиратори за Детска клиника – и тоа е објавено со цела фотогалерија, како да изградиле болница за болни од Ковид-19, а трошоците за пациентите ќе ги сноси Љупчо-Дубаи, од свој џеб.
И, пазете, некој стоел и сиот овој малограѓански фолклор го фотографирал. Трчкал наоколу нив. А, Љупчо, дури и гледа кон него во еден кадар.

Човеков, познат по изјави како ќе броел чаши вода на министри, го објавил овој чин дууури со четири слики кај него на профил. Се ставиле двајцава во филм дека се принц Хари и негована Меган. Па, ги гледаме како излегуваат од кола, па како чекорат дотерани, па како се поздравуваат со раководители…
А, пред нив – кутиине на маса, а тие како млади невести кои пречекуваат поклони на свадба – лажици и вилушки, тостери, тавчиња…
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/04/15/%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2-%D0%B3%D0%BE-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]