Станарите до Карпош: Подземните гаражи во Козле тонат во ѓубре и се дувла на деликвенти

Дел од подземните гаражи во Козле, на четири локации во населбата, се претворени буквално во депонија Вардариште. Небезбедни, како за паркирање, така и за складирање на било што во нив. Некои од нив немаат никакво осветлување, што ги прави вистинско место за криминал и девијантни појави.

Шут, ѓубре на сите страни, искршени врати, темница, поплави….подземните гаражи се претворени и во дувла на деликвенти, зависници…
Претставуваат вистинска опасност за жителите, минувачите, посетителите на околните угостителските објекти.

Сами ќе го чистат ѓубрето, проблемот со безбедноста – останува

Станарите неколку пати ги контактирале властите во Општина Карпош, за трајно решение на овој горлив проблем, но оттаму не добиле прецизен одговор – дали конечно ќе најдат заеднички јазик за подземните гаражи кои ги користат околу 200 станари.
Потребна е помош за чистење, осветлување, безбедна предна врата за да се спречи идно демолирање на гаражите од деликвенти.Сето ова, доколку се има желба и интерес од локалната власт, Козле, да остане безбедно место за сите.

Единствено добиле одговор од месната заедница да го изнесат ѓубрето на улица, а потоа служби ќе го соберат и транспортираат на соодветно место.
Жителите деновиве се подготвуваат тоа да го сторат, но сепак проблемот останува – што понатаму?

Гаражите се приватни, но патеките се на државата

Станува збор за гаражи во сопственост на станарите, но сепак патеките кои водат до гаражите се катастарска сопственост на државата, што само по себе ја инволвира Општината Карпош.
Општинските власти, и покрај овој факт, сега-засега не понудиле никаква помош за подигање на нивото на безбедност во реонот.Од друга страна, минатата гарнитура во Карпош излезе во пресрет на станатите. Веќе еднаш ги исчисти гаражите, постави осветлување, кое потоа беше уништено.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!