Не може да го посетите Владимирово близу Берово, а да не поминете да ја видите вилата ,,Лав” на Снежана Георгиевска, сопругата на екс премиерот од ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој уште е активен политички како коалиционен партнер на владеачката СДСМ.
Вилата, во родното место на Георгиевска, е крстена по нивниот единствен син – Лав.
Брачниот пар, во минатото познат по баловите и по позирањето пред фоторепортери за насловници, секако во скапи облеки – наназад години никој не може да го види како пар.

Георгиевска, во моментов и години наназад, живее во станбен објект на ,,Водњанска”, откако на брачниот пар во 2002 година, пред избори, не му успеа да изгради семејна куќа на Водно, вредна околу 3 милиони евра.
И тоа на улицата ,,Питу Гули”, на истата улица каде подоцна Никола Груевски, како што се слуша во ,,бомбите”, купува неколку плаца за изградба на куќи. Деновиве, токму за тој случај ,,Плацеви на Водно”, се очекува обвинение за Орце Камчев, чии фирми се поврзани со Груевски, според ЈО.
Но, за несудената вила на Георгиевски, подоле во текстот.
Осветлена е и дури кога нема никој во куќата
Препорачливо е вилата ,,Лав” во Владимирово да ја погледнете ноќе, поради тоа што Снежана или народски викана ,,Снешка”, фрлила голема пара за дворот да биде осветлен со стотици сијалици. Да биде видлива куќата, да блеска, да пара очи.
Оваа куќа, изградена каскадно, во Владимирово важи за една од најраскошните, ако се земе во предвид околината, пред сè со стари објекти, изградени од кал и веројатно пред еден век. Многу од нив – напуштени и руинирани.

Распослана е веројатно на околу 2.000 метри квадратни, а над неа има уште една куќа. Во неа, живее послугата, луѓето кои се грижат за куќата и секако за – осветлувањето. Без разлика дали има некој во куќата или не, светлата – секоја вечер се запалени, раскажаа жителите.
Вилата ,,Водно” им остана пуста желба
Тоа е околу вилата ,,Лав”.
Да се навратиме на вилата ,,Водно” која Георгиевски почнаа да ја градат во 2002 година на име на сестрата на Снешка. Една година по конфликтот во 2001.
Тоа беше голема афера, затоа штобрачниот пар пред да биде востоличен во премиерска двојка, не беше имотен.
Откако тогашен ,,Вест” објави детали и документи за милионскиот објект на Водно, стасан до прва плоча, Георгиевски, кои негираа сè – се откажаа од понатамошна градба.
За кратко време, објектот и плацот беа префрлени на други имиња. Екс премиерот тужеше и го изгуби процесот.
Истата година, пред да падне од власт владата на ВМРО-ДПМНЕ, службеници во Катастарот заедно со директорката, уништувале документи за сопственоста на вилата.
Подоцна беа обвинети пет лица и осудени на затвор за злоупотреба на службена положба.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
https://joci.mk/2021/05/05/%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B5%D1%98%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%B2%D1%98%D0%B0/
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]