Жена која излегла од супермаркет и се упатила кон својот автомобил на паркинг во зоната Ле Руге во северниот дел на Рим, општина Формело, во еден момент била опкружена од глутница диви свињи. Тие не ја оставиле на мира, додека не им ги „предала“ торбите со храна и заминала подалеку од нив.
Појавата на диви свињи на улиците на главниот град на Италија не е невообичаена појава, но во последно време станува се почеста, па за овој настан се огласила и градоначалничката, Вирџинија Раџи. Чопорот диви свињи, четири возрасни и четири младенчиња, ја следеле жената и ја опколиле, кога забележале дека носи торби со набавки. Потоа пришле. Отпрво се обидувале да ја украдат торбата, а потоа не ја напуштале, додека таа не им го оставила пленот.
Овие животни честопати може да се видат на улиците во Рим како бараат храна во контејнерите, а забележливо е дека тие воопшто не се плашат од луѓе, што може да биде опасно, особено кога се во глутница и кога мајката чувствува дека можеби ќе треба да ги брани младенчињата.
Групата диви свињи кои ја нападнале жената, весело мавтала со опашките додека го ваделе од торбата она што го купила жената пред само неколку минути. Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, рекла дека не станува збор само за нејзина одговорност, туку на целиот регион кој мора да се грижи за дивите животни, кои, се почесто се гледаат на улиците на италијанските градови во потрага по храна или во близина на продавниците и рестораните. Пред извесно време, две диви свињи, кои се бореле за плен од контејнер, нападнале жена која го шетала своето куче. – Стана невозможно да се излезе од куќата. Тие веќе не се плашат од ништо и честопати ,,се караат ” за пленот од контејнерите, се чувствуваме како затвореници во сопствените куќи” – се сведоштвата на жителите од тој дел на градот.
Во февруари оваа година, еден граѓанин беше нападнат од исклучително голема дива свиња што ги бркаше него и неговото куче. Тој морал да трча и да бега.
Диви свињи сè повеќе се гледаат како шетаат по улиците, на паркиралиштата на трговските центри, но и во парковите.
🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ДРУГО:
Хајредини: Законот е амнестија за криминални партиски структури, од него зависи коалицијата
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]