Откако Путин ги влоши односите со САД: Македонија протера руски дипломат

Порталот „Алмакос“ објави вест дека пред четири дена е протеран руски дипломат, откако претходно за тоа бил информиран рускиот амбасадор во Скопје.

Во простории на Министерството за надворешни работи, на 14 мај, на рускиот амбасадор во Северна Македонија, Сергеј Александрович Баздикин, му било посочено дека дипломатот за неколку часа треба да ја напушти земјава, информира ,,Алмакос”.

Протерувањето доаѓа откако Европскиот совет (ЕС) ја критикуваше одлуката на Русија да ги назначи Соединетите Американски Држави и Чешка како „непријателски“. Руската влада го објави својот официјален список на „непријателски“ земји на 14 мај. Таа вети дека ќе ја примени мерката и за други земји, доколку тие се впуштат во „непријателски активности“.

Русија забрани на САД да ангажираат локален персонал за своите дипломатски мисии во Русија, а бројот на локални вработувања за Чешка е ограничен на 19.

Веста на рускиот амбасадор во нашата земја, Баздикин, му ја пренел официјален претставник на Министерството за надворешни работи, во согласност со дипломатскиот протокол. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Образложението, како што пренесува „Алмакос“, е дека Владата на Северна Македонија покажува будност во зачувувањето на својот суверенитет од руското однесување.

Пред Македонија, неколку европски држави протераа руски дипломати, откако открија шпионски групи во своите земји и прогласија многу руски разузнавачки службеници за ,,персона нон грата”.

Конкретно, односите меѓу Прага и Москва значително се влошија по обвинувањата на Чешка на 17 април дека Русија била вмешана во смртоносна експлозија на складиште за оружје на чешка територија во 2014 година. Двете земји се вклучија во остра реторика и беа протерани и дипломати во последните неколку недели, а Чесите беа поддржани од Брисел и Вашингтон.

[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]

[facebook]

🔴 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ – КАКО ДОЈДЕ ДО СУДИРОТ РУСИЈА – САД:

Експлозија, шпионажа, убијци на Путин: Што стои зад големиот судир Русија-Чешка?

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!