Стотици литри вода од пукната цевка измешани со кал и песок, се слеваа денеска по улиците на населба Водно.
Конкретно, градежните работи се одвивале на улицата Партениј Зографски, а таму се наоѓа и цевката.

Како се случило стотици литри чиста вода да истечат по улица и за тоа никој да не се огласи од ,,Водовод”? Екипи ангажирани од зетот на еден наш нафтен ,,бос” при градежни работи на Водно во сопствена парцела, погодиле водоводна цевка и така настанала хаваријата, раскажаа водњанци.

Поради тоа, дел од жителите во населбата останаа без вода и мораа да купуваат вода или да се снаоѓаат.
– Шикаше вода два метри. Вода со часови течеше дури до Водњанска. Не ми е јасно, контролираат ли ,,Водовод и канализација” и Општина Центар кој, што гради или секој може да си копа каде сака и што сака? И да нè остава без вода со часови само затоа што е нечиј зет – револтирано раскажа жител кој одеше да полни вода кај сосед на друга улица.

Водњанци се плашат оваа хаварија да не ја загади водата во системот. Прашуваат кој ќе преземе одговорност и кој ќе им гарантира квалитетна вода после ова. Не се сигурни дека воопшто некој од ,,Водовод” контролира какви сè градежни активности има во населбата.
[divider style=”solid” top=”20″ bottom=”20″]
[facebook]